ALCO

ALCO Filters произведува филтери за автомобили, камиони, градежни машини и земјоделска механизација како и за стационарни машини. Асортиманот вклучува повеќе од 2500 различни типови на филтери, со динамика на воведување на најмалку 200 нови производи секоја година.

ALCO Filters е препознатливо име во повеќе од 40 земји од Европа, Африка и Блискиот Исток и има четири големи дистрибутивни центри во Велика Британија, Германија, Грција и Кипар, со што е обезбедена брза и ефикасна испорака.

Големината на компанијата е зголемена до препознатливост но основната филозофија на ALCO Filters останува  иста – да произведе квалитетни производи со цел да им обезбеди поголема заработка и просперитет на своите клиенти. 

ВИДЕО

Политиката за квалитет се спроведува преку детален систем за квалитет, што е во согласност со барањата на ISO 9001-2008. За постигнување на целта ALCO FILTERS:

-  се залага да работи заедно со своите клиенти на идентификување на нивните потреби како и да им се обезбеди стока и услуги кои ќе им овозможат создавање додадена вредност и просперитет. себе.

- ги третира добавувачите како партнери. Тие се вклучени во процесот на дефинирање на барањата,  подобрување на квалитетот и размена на технички know-how.

- луѓето ги смета за најголема вредност. Ги вклучува во процесите на донесување одлуки, од нив бараа совет и го цени нивниот придонес. Со постојана обука знаењето постојано се подобрува.

Преку дефинирање и мерење на клучните индикатори на процесите, компанијата го олеснува континуираното подобрување за идниот успех на организацијата.

 

ISO 9001 - 2008-English

ALCO WARRANTY

Вкрстени ознаки за Donaldson

Вкрстени ознаки за Filtron

Вкрстени ознаки ALCO